Bloomberg
Кога британскиот туроператор „Томас Кук“ се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека е посигурен чувар на парите отколку од банкротот во 2019 година и дека не треба да се грижат при правење резервација за одмор, во период на пандемија.
Одлуката на компанијата беше да им вети на своите клиенти, кои плаќаа многу однапред, дека ќе бидат чувани нивните пари на посебна сметка до нивното враќање.
За секој што се бори да добие поврат на парите од авиокомпанија оваа година, оператор за крстарење или туристички агент, ова звучи привлечно. Моделот станува се попопуларен, бидејќи регулаторите ги разбираат придобивките од него.
Кога британските туроператори ќе ги обноват своите лиценци следните недели, од некои може да се побара да ги чуваат исплатите на клиентите на посебни сметки, објави претходно Телеграф. Во моментот, на туристичките компании како и на авиокомпаниите често им е дозволено да користат исплати на начин на кој тие избираат и долго време пред да се случи патувањето, како сметаат дека е соодветно.
Поради непосредната потреба да се осигураат дека туристичката индустрија ќе остане здрава, брзите регулаторни промени во деловниот модел може да бидат контрапродуктивни токму сега. Најголемата грижа во моментот е што големите туристички групи ретко добиваат нови резервации.
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да искористи само 25 отсто учество од минатогодишниот капацитет за четвртиот квартал.
По финансиската криза, британските банки беа принудени да ги одделат своите основни кредитни услуги од ризично банкарство за инвестиции. Еден ден, ваквиот потег ќе биде неопходен за превозничките компании кои ќе можат да ги заштитат средствата на потрошувачите.
Од перспектива на туристичките компании, плаќањата кон потрошувачите месеци пред нивното патување изледаат одлично, тоа е како да добивате голем заем без камата.
„Луфтханза“, операторот за крстарење „Карневал“ и туристичката компанија „ТУИ“ држат милијарди долари на клиенти, според нивните последни целосни финансиски податоци.
Кога кризата со коронавирусот ги замрзна глобалните патувања, потрошувачите сфатија дека прават лоши зделки. Многу од нив водеа бирократски борби со компании за да си ги вратат парите, честопати за возврат мораа да се помират со ваучерите кои им беа доделувани.
Некои од туристичките агенции се подобри од другите во заштитата на потрошувачките трошоци, а токму тие се најмногу желни за промени.
Создавањето на посебни сметки нема да даде гаранции дека исплатата на поволностите ќе се случи брзо во случаи на масовно откажување на резервациите оваа година. Со спречување на компаниите да ги трошат парите на клиентите додека не заврши нивното патување, може да се создаде поголема безбедност, барем за средствата.
Засега постојат мали индикации дека В.Британија или која било друга влада ќе ги принуди авиокомпаниите да воведат таква мерка, што можеби не изненадува со оглед на неизвесните финансиски услови за авијацискиот сектор и потребата за заштита на работните места.
„Иако мислам дека најверојатно ќе има јавна поддршка за отварање на фондови за клиенти, барем засега постои ризик дека владите ќе им дадат сметка на авиопревозниците, така да можете да видите и самите дека можеби тоа не е нивен најголем приоритет“, вели Даниел Роеска, аналитичар во „Бернштајн Рисрч“.
Еднаш кога ќе имаме соодветна вакцина против Ковид-19 и кога повторно ќе летаме, не би требало да заборавиме на џентлментскиот пристап од некои авиокомапнии во однос на парите на патникот, заштитата на готовината е најмалку што компаниите можат да го направат за нас.