АУДИО: Снимки од партиски состаноци октриваат дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите на земјоделците во Тиквешијата

Од:

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад организацијата на протестите на земјоделците кои се одржаа во тиквешкиот регион. Ова го покажува аудио снимката од состанокот одржан во партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

На состанокот одржан на 14 септември, присутни се претставници од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“, претседателот на партиската комисија за земјоделство Цветан Трипуновски, како и претставници на општинските комитетите на Неготино, Кавадарци, Росоман, Градско и Демиркапија, а снимката до која дојде А1он е испратена од членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Во сниманиот аудио запис, се слуша како членови на месни комитети на партијата се договараат за протестите заедно со земјоделските здруженија. Претседателот на партиската комисија за земјоделство Трипуновски бара да се ангажираат сите партиски органи и на протестот кој треба да се одржи наредната недела да излезат што повеќе партиски членови како што вели за да бидат сериозни во јавноста.

„Последниот протест беше пред 7 дена, дадовме време да се исполнат барањата. Ние не сме отстапиле од барањата, значи наредната недела се собираме, го блокираме регионалниот пат и не се тргаме од таму додека не се огаласи Заев, министерот и сите по ред. Ако не се огласат продолжуваме. Но, видете не сакам да ги доведам во ситација Златко и Дане да зборат пред 30 луѓе. Да ги засукаме ракавите и да донесме најмалку 150 луѓе. Имаме УМС, Унија на жени, месни заедници, ако не успеме толку луѓе да се собереме, да се растуриме како комитети“, зборува Цветан Трипуновски на состанокот во Неготино.

Претседателите на комитетите на снимката се слуша како бараат да дојдат луѓе од партискиот врв и да бидат во првите редови како поддршка.

„Но и претседателот да дојде, вака не може да му даде тежина на протесот“, се слуша гласот на еден од претседателите на месните комитети.

Трупуновски понатаму вели и ги храбри присутните протестот да биде помасовен , затоа што ќе има и подршка од медиумите блиски до опозициската партија кои ќе дојдат и ќе известуваат за него.

Се наведува и дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски сакал да се појави на протест на земјоделците но и дека имал замерка на протестите да се појавуваат претседателите на општинските комитети.

Би можело да ве интересира

Хоџа: Помагаме да се откупи што поголемо количество грозје за да го избегнеме најлошото

А1он

Заев најави државна поддршка за лозарите, ги повика винариите да останат на договорените цени

Жарко Настоски

Заев: Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите

А1он

Лозарите испратија дописи до странските амбасади во земјава за извоз на грозјето

Ана Ололовска

Димковски: Земјоделците од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Жарко Настоски

Над 65.000 земјоделци поднеле барања за субвенции

Жарко Настоски