Атрактивната лимузина со четири врати ја добива ознаката S, за да ја означи дополнителната брзина, бидејќи 5,9 литарскиот V12 мотор, сега испорачува 558 коњски сили.
Тоа е зголемување за дури 81 коњски сили од претходниот модел. Зголемени се и вртежните моменти од 600 на 620Nm.
Благодарение на овие промени, редизајнираниот “Rapide” забрзува до 100 км/ч за 4,9 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо отколку порано. Зголемена е и максималната брзина од 302,5 км/ч на 305,7 км/ч.