АСОМ: Македонија оди спротивно од Европа кон сива економија и нелегално обложување

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) укажува дека станува сè поочигледно дека и оваа Влада, со целосно рестриктивен и неевропски закон, свесно работи на уништување на лиценцираните приредувачи на игри на среќа.

За АСОМ апсолутно се неприфатливи предлог-измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.

Додека европските земји активно работат на либерализација и модернизација на пазарот на игри на среќа, препознавајќи ја неговата економска и регулаторна вредност, Македонија оди во спротивна насока и со рестриктивни мерки кои го ограничуваат легалното делување на лиценцираните приредувачи го поттикнува развојот на сивата економија.

Наместо да се следат примерите на држави како Данска, Холандија или Шпанија, каде преку либерализација се постигнува поголема контрола, заштита на потрошувачите и повисоки буџетски приходи, во Македонија се применуваат политики кои директно водат до затворање на цели објекти, губење на над 10.000 работни места и значително намалување на даночните приходи. Како последица, се создава простор за раст на нелегалниот пазар со игри на среќа, врз кој државата нема ниту контрола, ниту механизми за надзор и заштита.

Станува јасно дека и примерот на Албанија, којашто по петгодишна целосна забрана на обложувањето повторно го легализира онлајн пазарот, признавајќи дека забраната само го засилила криминалот и нелегалното обложување не нè научи ништо. Наместо да се развива модерен, лиценциран и контролиран систем за обложување, се продолжува со политики кои го туркаат пазарот во рацете на нелегални оператори.

Во таа насока, уште еднаш јавно прашуваме: Кој има интерес Македонија да тргне по истиот погрешен пат и дали некој веќе подготвува терен за нелегален бизнис, на штета на легалните приредувачи и на државниот буџет?

Покрај тоа, предлог-законот директно предвидува рестрикции кои го оневозможуваат понатамошното легално функционирање на објектите за игри на среќа. Со одредбите кои налагаат неприменливи дистанци од училиштата, речиси ниту еден постоен објект нема да може да ги исполни условите што практично ќе значи масовно затворање. Наместо регулација, ова е прикриена забрана која го урива целиот лиценциран сектор, со сериозни последици врз вработените, економијата и државните приходи.

Ваквото законско решение ќе предизвика непоправливи економски штети за целата држава бидејќи Владата ќе ја ликвидира легална индустрија која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра.

АСОМ повикува на итно повлекување на предложените измени и вклучување на засегнатите страни, Асоцијациите од индустријата, стручната јавност во процесот на носење на регулатива која ќе биде во интерес на државата, граѓаните и легалната економија. Наместо уништување на лиценцираната дејност, потребен е дијалог и решенија кои ќе донесат подобра контрола, поголема заштита на играчите и економски развој.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Со предлог-законот за игри на среќа Владата директно си игра со судбината на 10.000 вработени

АСОМ со отворено писмо до политичките претставници: Кој има интерес од затворање на легалната индустрија на игри на среќа?

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?

Катерина Ѓуровски

Што носи Законот за игри на среќа: Објекти на 500 метри од училишта, забрана за рекалмирање, нема казина во населени места

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот Закон за игри на среќа во собрание: „Предизборната реторика ќе ја загрози одржливоста на регулативата“