Во интерес на Кипар и на еврозоната е да биде постигнат спасувачки план, изјави Јерг Асмусен, член на Управниот одбор на Европската централна банка.
Асмусен во интервју за весникот „Цајт“, по отфрлањето на планот во кипарскиот парламент, истакна дека останува убеден дека програмата за спас е од најдобар интерес за Кипар и за сите земји членки на еврозоната.
ЕЦБ ќе ги разгледа на денешниот состанок следните чекори за Кипар, по отфрлањето во меѓународниот спасувачки план во Парламентот во Никозија, јавија претставници на фонодт во Франкфурт.
Во соопштението ЕЦБ наведува дека продолжува со обезбедување на ликвидноста на европските банки во Кипар. Тоа ќе остане во рамките на постојните договори, се нагласува во краткото соопштение на ЕЦБ.