Антовски: Власта во заминување спрема тендери од девет милијарди денари во РЕК Битола, еден се подготвува за фирма на конзул на држава под санкции на ЕУ

Од:

Власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од девет милијарди денари. Имаме сериозни сомнежи дека еден од двата тендери веќе е договорен од врвот на власта, а како фирма која треба да го добие е компанија која се поврзува со конзул на држава која е под санкции на ЕУ, рече Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се на власт свртел неколку стотици милиони евра тендери во РЕК Битола. Седум години РЕК Битола е „непресушен“ рудник за богатење на олигарсите на СДС и ДУИ. Во изминативе години ЕСМ потроши стотици милиони евра на тендери за ископ на јаглен и ангажирање помошна механизација во четири очи. И покрај тоа што СДС дојдоа на власт со ветување дека ЕСМ ќе набави сопствена механизација за да се намалат трошоците за ангажман на надворешни компании, тоа не се реализира. Од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаат неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот, рече Антовски.

Би можело да ве интересира

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски

​​​​​​​Левица: Слободата на медиумите се доведува во опасност секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Катерина Ѓуровски