„Анхоч“ прослави јубилеј – 25 години успешна работа

Од:

Со гала-свеченост, пред околу 750 гости во хотел „Александар палас“ на 10 октомври „Анхоч“ одбележа 25 години успешна работа. Во пријатен амбиент, заедно со голем број клиенти, соработници, деловни партнери и вработени, „Анхоч“ го прослави 25-годишниот јубилеј.

За отворањето на настанот и официјалниот дел се погрижи тим од Македонската филхармонија, додека за добрата забава задолжен беше бендот на Петар Ренџов. Дополнително атмосферата ја загреаја Јасмин Лопез и Онел од Куба, како и диџеј Ерик Фокс.

За неповторлив хумор на настанот се погрижи Сашко Коцев, кој на свој оригинален начин делеше насмевки кај присутните.

„Анхоч“ е моментално најголемата македонска ИТ-компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и друга ИТ-опрема, присутен на 15 продажни локации со 140 вработени во повеќе градови низ Македонија.

До крајот на годината „Анхоч“ најавува отворање на два нови салони, во Скопје – Чаир и Куманово, како и релокација на еден од постоечките во поголем премиум салон на атрактивна локација во Скопје.

Патот кон успехот го почнува во 1994 година со производство, продажба и одржување компјутерски системи и ИТ-опрема со соодветна техничка поддршка.

Во услови на силна конкуренција „Анхоч“ успева да се наметне кај потрошувачите на локалниот пазар и полека се проширува и на национално ниво. Остварува соработка со повеќе локални фирми од другите градови и зочнува со продажба на своите производи низ целата држава.

„Анхоч“ во 2003 година го отвора првиот специјализиран ИТ-продажен салон во Скопје, првиот ПЦ-маркет во ГТЦ со кој овозможува поголема достапност на продуктите до потрошувачите.

Во 2010 година на македонскиот пазар ја отвора првата комплетно функционална ИТ-интернет продавница под името www.pcmarket.mk.

На нашиот пазар „Анхоч“ е познат и по своите брендирани конфигурации Анхоч алтеа и Анхоч голијат, кои единствени од Македонија го имаат добиено престижниот сертификат на Microsoft.

Успешната приказна на „Анхоч“ се темели на континуираната посветеност на квалитетот и задоволството на потрошувачите за конкурентна цена.

Потрошувачот кој ќе им се обрати е сигурен дека ќе добие квалитетен производ за компетентна цена, придружен со одлична техничка поддршка.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Претставата „Човек, Ѕвер и Доблест“ во режија на Егон Савин во Театар Комедија

Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло на наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Доделен уште еден автомобил од наградната игра на Mozzart – во игра се уште два!

Започна првиот онлајн саем за вработување во Македонија: 550 огласи во регионот чекаат на вас!

Татјана Ташкова

Доделен автомобилот од првата етапа од наградната игра на Mozzart

Болки во зглобовите? Сите препарати не се исти!

Ана Ололовска