Започна првиот онлајн саем за вработување во Македонија: 550 огласи во регионот чекаат на вас!

Од:

Иднината на вработувањето се случува овде и сега – бидете дел!

Ако барате нова работа или шанса за почеток на вашата кариера, подгответе го вашето CV за првиот онлајн саем за вработување во Македонија – www.denovizavrabotuvanje.mk.

Саемот започна денес, а ќе трае во наредните 8 дена. Организатор е Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao (Хрватска), Infostud (Србија) и Posao.ba (БиХ).

На саемот учествуваат 83 реномирани компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Се што ви треба за да ги посетите штандовите на било која од нив е пристап до интернет. Саемот е достапен за сите, од секаде и посетата е целосно бесплатна.

Саемот годинава бележи рекорден број на огласи и изложувачи, па за да можете полесно да се снајдете во пребарувањето истите се поделени во четири тематски капсули: 

 Трговија
 ИКТ
 Финансии
 Образование

Покрај можноста да аплицирате за некои од вкупно 550 слободни позиции во било која од 4те земји учеснички на саемот, лесно може да стапите во комуникација во реално време со претставник од компанијата, користејќи ја опцијата чат.

Освен тоа, сите учесници на саемот имаат можност да учествуваат во виртуелниот настан “Лов на богатство“ кој може да им донесе вредни награди, како што се: iPhone X 64 GB, Лаптоп LENOVO V130, Електричен тротинет XIAOMI M365 и Спортски часовник HUAWEI GT Active.

Штандовитте на А1 Македонија, Кроациа Осигурување – Живот, Teleperformance, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Van Hool, Apave, Asseco, Kromberg & Schubert, Lactalis, Marquardt, Kessler, Nelt ST, ParkLand Hospitality Group, Vrabotuvanje.com и голем број други компании во регионот се отворени и ве очекуваат на www.denovizavrabotuvanje.mk.

Би можело да ве интересира

Претставата „Човек, Ѕвер и Доблест“ во режија на Егон Савин во Театар Комедија

Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло на наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Доделен уште еден автомобил од наградната игра на Mozzart – во игра се уште два!

„Анхоч“ прослави јубилеј – 25 години успешна работа

Татјана Ташкова

Доделен автомобилот од првата етапа од наградната игра на Mozzart

Болки во зглобовите? Сите препарати не се исти!

Ана Ололовска