Претставата „Човек, Ѕвер и Доблест“ во режија на Егон Савин во Театар Комедија

Од:

Театарот Комедија ја најавува премиерата на претставата „Човек, Ѕвер и Доблест“ во режија на Егон Савин.

Култниот режисер од факултетот за драмски уметности во Белград ја затвора сезоната во Театарот Комедија со претстава на Луичи Пирандело.

Во врска со приказната на претставата од Театарот Комедија објаснуваат дека Пирандело пишувал долго време, поминувајќи ги сите фази од натурализам, преку експресионизам и футуризам до авангарда.

„Но во сите свои дела тој секогаш се занимава со ‘кризата на моралот’. Лагата и лицемерството во меѓучовечките односи е невозможно да се измерат. Не постои човек што барем еднаш не посегнал по лагата за да ги прикрие своите пороци и слабости. Пиранделовата лична и литерарна слобода се состои во тоа да ги именува нештата со нивното вистинско име. Во современиот театар има изобилство претстави кои зборуваат за човекот конфронтиран со тиранијата на власта, на полицијата, на војската, бирократијата…

Но што кога човекот е загрозен од страна на своите сакани, од оние што му се најблиски?
Семејната драма е најболна драма. Секогаш неочекувана, никогаш отворена, секогаш мимикрирана, маскирана со ритуалите на семејниот живот. Понекогаш оваа игра носи маска на пријателство, нежност, еротска љубов, грижа и пожртвуваност… Овие „маски“, овие ритуали на секојдневниот живот им овозможуваат на луѓето колку-толку поднослив живот, без крв. Таквиот живот по одредено време резултира со презир и омраза кон себеси, резултира со меланхолија, со лудило“, се вели во најавата на претставата.

Режисерот Егон Савин е редовен професор на Катедрата за режија на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Тој има режирано околу стотина претстави во сите значајни театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и во Унгарија и во Италија. Неговите претстави се играат насекаде низ светот, а добитник е и на голем број домашни и меѓународни награди за режија.

Претставата „Човек, ѕвер и Доблест“ му е трета режија во Македонија. Во средината на деведесеттите години Савин работеше на претставите „Злосторство и казна“ (Достоевски) и „Лаж и Паралаж“ (Стерија), поставени во МНТ – Скопје.

Од Тетатарот Комедија најавуваат дека за претставата „Човек, Ѕвер и Доблест“ веќе има голем интерес, и ќе биде на редовниот репертоар, додека билетите за претпремиерата и премиерата на 23. декември, се веќе распродадени.

Улоги:

Професор Паолино – Атанас Атанасовски
Морнар Перела – Сашо Ристовски/Тони Денковски
Госпоѓа Перела – Сашка Димитровска
Доктор Нино Пулејо – Жарко Димоски
Аптекар Тото – Жарко Димоски
Слугинка Розарија – Кристина Ласовска
Ученик Џиљо – Тони Денковски
Слугинка Грација – Жаклина Стевковска Дрнасин
Ноно, 11-годишен син на Перела – Ева Скендеровска

Креативен тим:

АВТОР: ЛУИЏИ ПИРАНДЕЛО
РЕЖИЈА: ЕГОН САВИН
СЦЕНОГРАФИЈА: ВЕСНА ПОПОВИЌ
КОСТИМОГРАФИЈА: ЕЛЕНА ДОНЧЕВА
АСИСТЕНТ НА КОСТИМОГРАФ: ИВАНА КАРАНФИЛОВСКА УГУРОВСКА
ИЗБОР НА МУЗИКА: ЕГОН САВИН
АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТ: ЕГОН САВИН
ПРЕВОД: ЉУПЧО ПЕТРУШЕВСКИ
ЛЕКТОР: ЗОРИЦА МАНАСКОВА
СТРУЧЕН КОНСУЛТАНТ : ПЕТАР АРСОВСКИ
ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: СЕРГЕЈ СВЕТОЗАРЕВ

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска