Анѓушев, Зарков и Хоџа, предлози од бизнисот за економски вицепремиер

Од:

Кочо Анѓушев, Александар Зарков и Неби Хоџа се кандидатите што ги предлагаат стопанските комори за вицепремиери за економски прашања во новата влада.

Анѓушев е потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Зарков е извршен директор на Сојузот на стопанските комори (ССК), а Хоџа е претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Ставот на трите комори е идентичен, дека бизнисот треба да биде директно вклучен во економската и развојната политика на државата и дека треба да има пристап во подготовката на законите пред тие да ги поминат филтрите на владата, а не откако ќе влезат во собраниска процедура.

– Вицепремиерот за економски прашања треба да делува во насока на креирање стратегија за развој на приватниот сектор, на поголема продуктивност, поголем број вработувања, подобрување на деловното опкружување и овозможување негов раст и развој, порачува бизнис заедницата.

Според коморите, неопходно е целосно усогласување на владините политики со интересите на стопанството.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски