Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори

Од:

Фирмата Цетрал Инвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори.

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна.

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Тодор Анѓушев на конференција на „Марес“: Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии

„Феринвест“ лидер во изградба на фотонапонски електрани – реализирани 30 проекти, уште 10 завршуваат набрзо

Биогасната електрана „БИО ЕНТЕРПРАЈЗ“ работи со полн капацитет

Феро Инвест учествуваше на Intersolar – најголемиот светски саем за соларна енергија во Минхен

Фероинвест и Централинвест со 113 милиони евра приход во 2022 година

Ана Ололовска

Горан Анѓушев: Феро инвест е единствената македонска компанија која дава комплетна услуга за фотоволтаични електрани

Ана Ололовска