Анѓушев – Герет: Македонија и Обединетото Кралство имаат солидна економска соработка, но и многу можности подобрување

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство Чарлс Герет.

На средбата стана збор за економската соработка помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, при што соговорниците заклучија дека соработката е навистина на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во делот на извозот од Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев искрено се заблагодари за поддршката од страна на Обединетото Кралство во однос на реформските процеси кои Владата ќе ги спроведе во насока на евро интеграцијата на земјата и економскиот развој за подобар живот на македонските граѓани.

„Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Република Македонија, втора земја по обем на трговската размена. Сметам дека досегашната меѓусебна економска соработка е добра база која може да ја надоградиме, особено во намалување на трговскиот дефицит и зголемување на извозот кон Обединетото Кралство. Со економските политики кои Владата ќе ги спроведe во наредниот период ќе се насочиме да ги развиваме македонските компании да произведуваат производи со повисока додадена вредност, да станат поконкутентни на регионалните и на европскиот пазар и да го зголема извозот, со што ќе допринесеме и до нови работни места и побрз раст на нашата земја“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Амбасадорот Герет се осврна на активностите од Берлинскиот процес, односно на Самитот за Западен Балкан кој се одржа во Трст, но и на активностите кои следуваат наредната година.

„На Самитот во Трст, Република Македонија имаше навистина успешно претставување. Наредниот Самит за Западен Балкан ќе се одржи во Обединетото Кралствo и се надевам дека планираните реформски процеси во земјата ќе бидат реализирани, а Република Македонија ќе добие уште поголема поддршка на наредниот Самит“, рече Амбасадорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски