Ангеловска: Се почитува мислењето на Антикорупциска по однос на мерките за поддршка за компаниите

Од:

Мислењето на Антикорупциската комисија се почитува како независно тело со цел транспарентно да ги следи сите процеси и доколку ценат или сметаат дека треба какви било дополнителни прашања да упатат до Владата во врска со сите мерки за поддршка на компаниите тоа може да биде направено по каква било дилема во врска со толкување на законите, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

– Во врска со членот 8а којшто во моментов е замрзнат поради донесената Уредба, се работи за уредби со законска сила коишто се донесени за време на вонредна состојба за справување со КОВИД кризата и согласно тие уредби коишто имаат законска сила се вршат исплатите на мерките коишто претставуваат редовна исплата согласно законите коишто се донесени за поддршка на компаниите. Така, во месец април со финансиската поддршка за работодавачите заради исплата на плати беа поддржани 140 илјади работни места, беа исплатени 30 милиони евра. За месец мај веќе се исплатени над 20 милиони евра на 17.500 компании и согласно донесените уредби тоа е нешто што претставува сега во моментот согласно Законот редовна исплата на поддршката на оние коишто поднеле барање. Секако дека за ова се почитува и мислењето на Антикорупциска, како независно тело која што во вакви случаи е добредојдена и треба за целите на подобро општество, демократско, транспарентно да ги следи сите процеси. И доколку ценат или сметаат дека треба какви било дополнителни прашања да упатат до Владата во врска со сите мерки или доколку Владата цени дека треба да постави соодветни прашања тоа секако дека е во тек и може да биде направено по каква било дилема која што се има во врска со толкување на законите, рече на новинарско прашање Ангеловска.

Во врска со другите мерки, на пример со домашната платежна картичка средствата, рече таа, веќе се исплатени на сметките на банките, а ваучерите за туризам се веќе испратени до граѓаните.

Согласно уредбите коишто се донесени секако поддршката, како што кажа, во моментов тече и се исплаќа редовно бидејќи е произлезена од уредби со законска сила коишто не претставуваат согласно членот во Законот еднократна месечна исплата или трансфер која што не била предвидена. Секако дека ќе се консултираме доколку има дополнително потреба или доколку има какви било други дилеми во Владата, бидејќи сите институции коишто се во нивна надлежност уредбите, ги доставуваат уплатите до трезорот кој што понатаму ги процесуира.

За мерката за финансиска поддршка на плати што беше продолжена и во текот на месец јуни и е мерка која што е воспоставена за справување со криза, додаде дека три месеци ќе функционира, а главна цел е заштита на економијата и на работните места и оти не би требало да биде во прашање во ваква ситуација, бидејќи не е некое нестандардно дејствие или неочекувано или кое што би се донело во одредена друга ситуација.

– Секако како што кажав, за какви било дилеми коишто ќе се појават дали ќе биде тоа во тек на одредени уредби ќе се обратиме до Антикорупциска да побараме мислење се со цел да се спроведува како што е во согласност со законските прописи, рече Ангеловска.

За екстра лесното гориво, анализата е, рече, објавена во текот на вчерашниот ден на страницата на Министерството за финансии и содржи повеќе податоци и детали во врска со корисниците и потрошувачката на екстралесното, а предвидува и три мерки кои треба истовремено да се имплементираат. Но овие уредби и правилници досега не се нашле на Влада поради фокусот во овој период насочен да се заштити економијата, работните места и ликвидноста.

-Сметам дека ваква системска одлука треба да се донесе на база на соодветна анализа, особено кога истата е во насока на заштита на животната средина, меѓутоа треба да се земе од аспект на сите други состојби во врска со давање на период на транзиција за прилагодување. На крајот на анализата има заклучни согледувања односно мерки коишто треба да се преземат согласно анализата за системско решавање на ова прашање. Мерките коишто се предвидени се три, едната е изедначување на акцизата која во исто време треба да биде донесена со правилникот за зголемување на квалитетот бидејќи инаку нема да има резони да се прави едното без другото и третото е воведување на систем на поврат за време на транзиција, односно додека тие компании коишто ја користат за употребата која што е одобрена, тоа се на пример како што кажав одредени фабрики, млекари, пекари коишто ја користат за производство тие истите да може да побараат поврат на платената акциза, рече министерката за финансии.

Повратот како механизам постои во многу земји, додаде таа, а МФ направило одредена анализа и во овој дел и треба тоа предлог решение да биде ставено и усвоено од страна на Владата.

-Меѓутоа, како што кажав, се работи за системско решение за кое што треба сите три мерки да се преземат и да се воспостават во исто време. Како што и вие посочивте, денеска е последниот ден од вонредната состојба и согласно самата анализа која што е објавена овие предлог документи се драфтирани од страна на Министерството за финансии, Министерството за економија и Царинската управа, меѓутоа, како што знаеме во овој краток период при решавање на многу, многу, многу други предизвици со коишто се соочуваме и коишто беа фокус да се заштити економијата, работните места и ликвидноста, овие уредби и правилници досега не беа ставени на седница на Влада што не значи дека таа не покажува волја за системско решавање на проблем по животната средина којшто постои 20 години наназад, посочи министерката Ангеловска.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР