Ангеловска: Исплатени 14 милиони евра за домашната платежна картичка, се решаваат приговорите

Од:

Над 14 милиони евра се веќе исплатени на граѓаните преку домашната платежна картичка со која може да купуваат домашни производи, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска во видео обраќање во живо на Фејсбук.

Сите картички се испечатени, а издадени се на 152.142 граѓани. Дополнително решени се и дел од приговорите на граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите и тие веќе се внесени на веб – страницата купувам домашно каде може да направат проверка за домашанaта платежна картичка, рече Ангеловска.

-Се работи за навистина обемен проект, интезивно се испорачуваат картичките со кои веднаш можат да плаќаат и купуваат домашни произоди што се предвидени, оцени министерката.

Веќе половина од картичките се издадени, и како што рече министерката, заклучно со 18 јули ќе бидат издадени сите останати платежни картички, а оние кои ја имаат ќе може да плаќаат до 15 август.

Таа информираше дека од пристигнатите приговори до Генералниот секретаријат од вкупно 60 илјади, 20 илјади се однесувале на прашања на кои веќе им е одговорено, а 40 илјади за проверка на матични броеви.

– Од 60-те илјади на 20 илјади е веќе одговорено, останатите приговори се однесуваа за матични броеви што требаше да се групираат и да се проверат кои граѓани ги исполнуваат условите и треба да ја добијат картичката. Во првата група приговори испратени до институциите за проверка се 22.500 од кои во категоријата невработени и вработени со низок доход се 16.000 приговори. Од овие вкупно 2.087 се прифатени, односно е утврдено дека ги исполнуваат условите и тие веќе се додадени и може да направат проверка преку веб – страницата купувам домашно, рече министерката.

Ангеловска појасни дека од овие 2.087 лица, кои се вработени со ниски приходи се 1.783 кои добиваат картичка со 3.000 денари, а кои ќе добијат и ваучер за туризам од 6.000 денари, а 349 се невработени лица на кои им следува картичка со 9.000 денари.

Меѓу приговорите 6.500 лица се во категоријата млади и таа група е на проверка во Министерството за образование и наука.

-Има се уште матични броеви што се проверуваат. Уште 10.000 се испратени со АВРМ, УЈП и МТСП и за и во текот на утрешниот дел се очекуваат да бидат испратени сите и до крајот на неделата да заврши целиот процес на проверка, рече министерката.

Оваа мерка е дел од третиот економски пакет на владата, а ќе ја добијат над 320 илјади граѓани и ќе чини 28 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ангеловска: Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра

Ана Ололовска

Ангеловска: Домашна платежна картичка користат 305 илјади граѓани, до август потрошени 23 милиони евра

Жарко Настоски

Граѓаните со домашните платежни картички најмногу трошеле во маркетите

Жарко Настоски

Истекува рокот за издавање на домашната платежна картичка, граѓаните да ги искористат до 15 август

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на законитоста на издавањето домашна платежна картичка

Жарко Настоски