Ангеловска: Директна поддршка на приватниот сектор со 6,7 милијарди денари од буџетот за 2020

Од:

Приватниот сектор е важен генератор за економски раст и затоа Владата останува посветена на креирање на соодветни политики како одговор на клучните предизвици со кои се соочува приватниот сектор. Ова го рече министерката за финансии Нина Ангеловска на презентирањето на Предлог-буџетот за 2020 година и посочи дека преку мерката за субвенционирање на придонеси, мерките за поддршка на претпријатија и активните мерки за вработување следната година ќе се инјектираат 6,7 милијарди денари во приватниот сектор.

-За мерката за субвенционирање на придонесите на платите за оние компании кои ќе ги покачат платите од 600 до 6000 ден се обезбедени 2.4 милијарди денари. Не само што со оваа мерка се адресира проблемот на привлекување, задржување и мотивирање на квалитетните кадарот туку истата е дизајнирана на системски и одржлив начин, бидејќи придонесите за покачените плати ќе се слеваат директно во фондовите – рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека 3 милијарди денари се одвоени за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, преку мерки за нови инвестициски вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања, поддршка на малите и средните претпријатија, иновативната дејност, технолошки развој и истражување и странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони.

Ангеловска рече дека и преку активните политики за вработување во износ од 1.3 милијарди денари се во насока на поддршка и на бизнисите бидејќи се овозможува ре-квалификација, доедукација на кадарот за да ги пресретне потребите на приватниот сектор во поглед на кадрите.

-Во насока на поддршка на малите и средни компании е и зголемувањето на ДДВ прагот кој од 1ви јануари ќе изнесува 2 милиони денари. Со ова ќе се намали административниот товар и за обврзниците и за даночната администрација со што ќе се ослободат капацитети за адресирање на сивата економија како реален предизвик за економски раст – вели Ангеловска.

Министерката за финансии рече дека во насока на придвижување на економскиот раст се и капиталните расходи за 2020 година се проектирани на ниво од 23,6 милијарди денари. Проекцијата е меѓу иницијалната проекција од годинава и ребалансот, а во согласност со досегашната реализација и капацитетите на буџетските корисници.

-Со ова, сакаме да покажеме еден поинаков дискурз на планирање на капиталните инвестиции. Во оваа насока, Министерството за финансии пред две недели излезе со нова алатка за транспарентност преку следење на реализацијата кај капиталните расходи. Ве поканувам најмалку еднаш месечно да ја посетувате и ете, да го дадете и вашиот придонес за подобра реализација- рече Ангеловска.

Инаку приходите во Предлог-Буџетот за 2020 година има проектирана приходна страна од 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6% споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од 5% повисок во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, (3 милијарди 898 милиони евра).

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3% од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година, согласно Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на сите меѓународни организации.

Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и истиот изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование