Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе даде максимален влог за просперитет на македонската економија

Од:

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска упати честитка по повод Новата година во која посакува успеси, совладани предизвици и нови перспективи.

-Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина, наведува во честитката.

Дколку сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите што ги имаме, вели гувернерката, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни.

-Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа. Нека ни се исполнат желбите што силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот, истакнува гувернерката во честитката.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on