Ангела Меркел го губи трпението со Велика Британија

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел го „губи трпението“ со Велика Британија и нејзините постојани приговори кон Брисел и функционирањето на Европската унија, пишуваат лондонските медиуми повикувајќи се на извори во Берлин.

На Германците им пречи однесувањето на официјален Лондон, кога станува збор за соработката во ЕУ. Најновиот гнев на Меркел е предизвикан од заканата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека ќе стави вето на предложениот буџет на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година, што треба да биде усогласен и усвоен до крајот на овој месец.

Европската комисија бара зголемување на буџетот до една билијарда евра, или за пет отсто, на што се противи Владата во Лондон.

Камерон побара намалување на платите на четири илјади функционери на Европската комисија, што имаат годишна плата од по 100.000 евра и штедење, онака како што тоа го прават земјите членки на еврозоната и на ЕУ, за да не стави вето. Подоцна Даунинг стрит 10 објасни дека Велика Британија бара „замрзнување“ на заедничкиот европски буџет, но мокното десно крило на ториевските евроскептици, успеа да протурка амандман во Парламентот против сопствениот партиски лидер и премиер, барајќи од него во Брисел и кај европските лидери да се избори за намалување на буџетот на ЕУ.

Официјелен Берлин е незадоволен од Владата на Камерон и домашните евроскептици кои постојано се закнуваат со напуштање на ЕУ, а Германија и Франција се противат на идејата на британските ториевци за преиспитување на односите меѓу Лондон и Брисел, по безмалку 40 години членство во ЕУ.

Тврдењето дека Меркел го „губи трпението“, доаѓа на два дена пред нејзината посета на Велика Британија. Во среда Меркел во Даунинг стрит 10 ќе се сретне со Камерон за да се најде компромис околу европскиот буџет. Британските медиуми тврдат дека германскиот канцелар ќе бара од Камерон да се изјасни „дали сака Велика Британија да биде дел од европскиот континент“.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски