Анета Пешева нов претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Од:

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје на 13-то редовно собрание избра нови членови на органите на управување. Нов претседател на Управниот одбор е Анета Пешева, а заменик претседател Илија Господинов.

– Ова е голема чест за мене и се надевам дека позитивно ќе одговорам на довербата која ми е дадена. За време на мојот мандат првенствено ќе се борам ИКТ индустријата да стане водечка индустрија во државава по примерот на некои европски земји, бидејќи таа тоа и го заслужува. Од успехот на ИКТ индустријата и третманот на државата кон неа ќе зависи дали земјата ќе се придвижи во позитивен правец и ќе успее да ги задржи најбараните млади образовани кадри. Во спротивно и се заканува егзодус на инженерскиот потенцијал, изјави Пешева непосредно по изборот.

На редовното собрание на МАСИТ беа избрани и нови членови на Управниот и на Надзорниот одбор, како и на Судот на честа.

Покрај Пешева и Господинов, членови на Управен одбор на МАСИТ се и Драган Чепујноски, Благој Христов, Теди Цоневски, Зоран Лазаревски, Александар Убавков, Владимир Робевски, Ненад Чубриновски.

Претседател на Собранието на МАИТ е Горан Попоски

Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се Горан Митев, Фросина Зафировска, Дејан Гавазов, а на Судот на честа Викторија Дранговска, Тошо Трајанов и Димитар Јаневски.

Новоизбраните ограни на управување на МАСИТ ќе ги извршуваат своите функции до март 2022 година.

Би можело да ве интересира

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

Ана Ололовска

Стручно тело на МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата

Ана Ололовска

Конференција „Дигитализација 2019“

Ана Ололовска

Мицкоски: Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании

Наум Локоски

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка

Наум Локоски