Андреевски: Регулаторна ја намали струјата за 0 проценти и 25 промили, ќе има ревизија!

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, според информациите што ги имаме, веќе донела Одлука со којашто цената на електрична енергија ја намалува за скандалозни 0 проценти и 25 промили!

Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата – не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи, и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја!

Со денешната Одлука, Регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити бизнисите на трите енергетски компании и нивните соработници и дозволува граѓаните да плаќаат скапа струја, овој пат поради милионски рајски градини, ски центри, обезбедувања, фасади и редица други проекти што немаат врска со енергетиката.

Досега апелиравме, денеска порачуваме: Ќе има Ревизија на денешната одлука на Регулаторната комисија! Ќе има ревизии и на сите претходни одлуки поради коишто во изминатите 10 години цената на струјата е покачена за речиси 100 проценти!

Ќе дознаат сите, кои фактори влијаеле за формирање на ваква цена на електричната енергија!

Ова беше последна шанса за Регулаторната комисија за енергетика да престане да носи одлуки по нарачки за енормни профити и да донесе правилна, праведна и економско издржана цена на електричната енергија.

Не смее и нема бизнис интереси да ја формираат цената на струјата што ја плаќаат граѓаните! Сите кои биле соучесници во злоупотреби врз граѓаните ќе ја понесат својата одговорност, рече Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите