Андонис Самарас тргнува во потрага по странски инвестиции во Кина, САД и Русија

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас почнува операција „инвестиции“, во рамките на која ќе ги посети Кина, САД и Русија со цел да привлече инвестиции во земјата, информираат грчките медиуми.

Весникот „Имерисија“ коментира дека Владата и лично премиерот почнуваат вистинска трка за привлекување инвестиции свесни дека само на тој начин ќе го решат проблемот со економскиот раст и со намалување на невработеноста, што е најголемиот социјален и економски проблем на земјата. Владата веќе интензивно ги подготвува посетите на премиерот на Пекинг, Вашингтон и Москва.

Според весникот средбите на грчкиот премиер со кинескиот претседател Кси Џинпинг и со претседателите на САД Барак Обама и Русија Владимир Путин се регулирани и дека единствено останува да се дефинираат конечните датуми на состаноците.

Весникот „Кердос“ информира за голем интерес на кинеските инвеститори за приватизација на атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“. Кинески претставници вчера имаа средби со премиерот и со министерот за финансии.

Неодамна владата во Атина најави дека ќе бара инвеститори за планираната приватизација и модернизација на 46 пристаништа, а грчкиот парламент одобри нов закон со цел да ги охраби странските инвеститори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција