Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис именува состав од тројца поранешни судии на Врховниот суд, кои треба да извршат истрага за причините поради кои земјата се наоѓа на раб на банкрот.
Кипарскиот претседател денеска изјави дека обичните граѓани, кои на свој грб ја носат тежината на акциите и грешките на службените лица, сакаат да ги видат виновниците казнети.
Анастасиадис ги повика судиите да ја почнат истрагата со проверка на бизнис зделките на неговото семејство поради обвиненијата на опозициски весник дека компанијата, чиј сопственик е негов роднина ги повлекла парите од веќе затворената Народна банка, втората по големина кредитна институција во земјата, неколку дена пред Кипар да го договори меѓународниот договор за спас.
Договорот меѓу кипарските власти и Тројката меѓународни кредитори предвидува големите штедачи во Народната банка да се соочат со сериозни загуби.