Владини реклами за подршка на семејните вредности, државни стимулации за музика и текстови што го промовираат семејството и патриотизмот, буџетски пари за семејства со повеќе деца, закон за абортус. Сите овие владини потези, како дел од актуелните политики, требаше да водат кон запирање на трендот на пад на наталитетот. Од друга страна, статистиката и натаму бележи подем на “белата чума“. Во 2013 та година во однос на 2012 та година бројот на новородени деца се намалил за 430 или за скоро 2 отсто.
Порталб анализира, зошто маркетингот не помогна за раст на наталитетот? Се посилните разлики меѓу сиромашните и богатите, односно се поголемото осиромашување и економската неизвесност, според социолозите се главните причини за резултатите од последните статистички мерања. Податоците покажуваат дека токму многудетните семејства живеат во најдлабока сиромаштија.
Сиромаштија од 57% во многудетните семејства…
Дури 11,3 проценти од новородените деца се родени во вонбрачна заедница во состојба кога има намалување на бројот на родени деца. Статистиката за ланската 2013 та година ги објави конечните податоци за наталитатот. Бројките покажуваат дека на ниво на државата, лани се родиле 23 334, или 430 деца помалку во однос на 2012 та година. Намалувањето изнесува 1,8 проценти. Додека од една страна имаме промовирање на политики што ги подржуваат семејните вредности и што треба да го поттикнат наталитетот, од друга страна се соочуваме со спротивен ефект, бројот на родени се намалува. Според социолозите, камапањата и маркетингот не можат да ја променат и поправат сликата во реалноста што ја живее секое семејство.
“Причината за ваквите бројки, односно терндови треба да се бара во социо-економскиот статуст на семејството. Семејството е социјална категорија и врз него големо влијание има економската и социјалната положба. Секако тука влијание има и вкупната општествена состојба која се одразува врз планирањето, односно намалувањето на наталитетот. Кога зборуваме за социјално-економскиот статуст, тоа значи дека зборуваме за факторите кој директно се врзани за кавлитетот на живот на едно семејство, неговата економска состојба и статус.“ – вели за Порталб, универзитетскиот професор, социолог Емил Сулејамни.
Според новото мерење на статистиката, лани од вкупниот број на родени деца 52,3% биле машки додека останатите се женски деца. Според возраста, 35,5% од децата се родени од мајки на возраст од 25 до 29 години а 26% од мајки на возраст од 30 до 34 години. Во последните девет години, само во 2011 та и лани, во 2013 та година, е регистриран пад на наталитетот во однос на преходната година. Податоците покажуваат дека најмногу новородени деца имало во далечната 1994 та година, кога се родиле 31 421 дете. Во годините што следуваат е регистрирано значајно намалување на наталитетот. Во исто време, социолозите посочуваат дека овие состојби се очекувани во општество со висока стапка на невработеност и сиромаштија, но и како резултат на се поголемите класни разлики.
“Ние мора да знаеме на кое ниво е семејството. Средната класа исчезнува, високата класа се намалува а разликите меѓу нив стануваат се поголеми. Ние се соочуваме со стојба на крајности кога семејството е од низок или висок слој. Средната класа се губи. “ – вели за Порталб, професорот Сулејмани.
Последните истражувања на надлежните институции покажаа дека само 4,8 проценти од граѓаните можат целосно да ги задоволат своите месечни ќивотни потреби а дури 71 отсто главно или целосно не успеваат да ги задоволат. Последното истражување за сиромаштијата покажува дека најтешко живеат токму ногудетните семејства, односно оние домаќинства што имаат три или повеќе деца. Стапката на сиромаштија кај овие семејства изнесува дури 57%. Поголеми стапки на сиромаштија генерално се измерени кај домаќинставата со деца. Еве во кои семејства колку изнесува стапката на сиромаштија:
-со три и повеќе деца 57,0%
-со две деца 23,8%
-со едно дете 28,9%
Во обид да го стимулира наталитетот, семејните и традиционалните вредности, Владата направи неколку потези, од кои дел беа оценти како контроверзни но и осудени од навладиниот сектор. Прво беше лиферуван прокетот “Бејби-бум“ што требаше да ја спречи “белата чума“. Од почетокот на 2009 та Владата почна да дава од пет илајди до 11 500 денари за семејствата што ќе добијат второ, трето или четврто дете. Овој проект која се сметаше дека е дел од Владината старатегија за запирање на негативниот теренд на природниот прираст, беше оспорен на Уставен суд. Следуваа и рекламни кампањи за подршка на семејството а неодмна се поделија и државни субвениции за песни и музика што ги промовираат традиционални вредности и многудетните семејства
Самата идеја за субвенционирање песни кои пропагираат многудетни семејства е глупава и не е јасно што таа сака да покаже, изјави музичарот Златко Ориѓански на неодамнешната конференција „Engage“ во организација на Младински образовен форум.
“Ова го немаше ни во комунизмот, тогаш имаше разни будалаштини, но, сепак не до толку. Јас го разгледував формуларот кој треба да се пополнува и тој е многу дебилен. Кој е тој што ќе ја оценува мојата песна? Јас можам да направам песна за трето, па дури и за шесто дете, платете ми, но која е идејата? Проектот за субвенционирање на домашната музика ќе пропадне, а македонската музика нема да оди ни чекор напред“ изјави музичарот Златко Ориѓански.
Најголем одек во јавноста предизвика Законот за абортус, кој исто така се промовираше како дел од стратегијата за зголемување на наталитетот. Околу една година од неговото изгласување во Собранието, но и од протестите против законското решение, невладините организации не отстапуваат од ставот дека треба да се менува.
“Иако укажувањата за негативните страни беа гласно кажани, рестриктивниот закон беше донесен. Произлегувa потребата овој закон да биде променет и во него да бидат инкорпорирани сите принципи на легален и безбеден абортус, а пред се оние принципи кои што се однесуваат на унапредување на човековите права.“- се огласи неодамна невладината организација ХЕРА.
Според бројноста на родени деца, статистичките мерења покажуваат дека на прво место е Скопје со 6 764 деца, потоа Куманово 1 292 , Тетово 1 203 деца, следуваат општините Чаир со 1 079 и Гази Баба 897. Од вкупниот број на родени деца дури 11,3 % се родени во вонбрачна заедница.
“За планирање на семејството непходни се државни политики со претходна сеопфатна анализа која ќе ги таргетира сите граѓани без оглед на нивната верска, национална или религиозна припадност. Многубројни фактори влијаат врз тоа дали семејството може да биде многудетно. Тука освен економско-социјалните услови, влијание имаат и културните, образовните па дури и здравствените фактори. “ – вели за Порталб, професорот Сулејмани.
Социолозите сметаат дека природниот прираст на населението може да се стимулира само преку мерки за подобрување на економската положба на граѓаните, односно на младите лица, какј кои се измерени и највисоки стапки на невработеност која пак е клучната причина за сиромаштијата.