Македонија ја промени стратегија кон соседите – од дефанзива премина во офанзива, но сега овие обновени релации треба да се искористат и за зајакнување на економските, оценуваат аналитичарите. По Грција и Бугарија, сега очекувањата се дека треба да се обрати внимание и на географски блиските, Косово и Албанија, со оглед на тоа што овие соседи се значаен пазар за Македонија, пишува Portalb.mk во новата неделна анализа.
По министерската средба во Атина, оценките се дека меѓународната заедница ќе го зголеми притисокот врз јужниот сосед за деблокада на евроатланските интеграции на земјава.
Што по посетите на Грција и Бугарија…
Не само што новата Влада сака да демонстира поагресивен пристап во затоплување на меѓуседеските односи со земјите од регионот, туку веќе се создаваат реални услови за затворање на кои од отворените прашања со дел од соседите. Дел од поранешните дипломати сметаат дека средбите во Атина сепак можат да донесат одреден исчекор.
„Имајќи предвид дека посетата беше иницирана од грчката страна, а во неа беше вклучена средба на македонскиот МНР и со претседателот на Грција, Прокопис Павлополус, како и со претставник на опозицијата („МНР на Грција во сенка”) очекувањата се сведуваат на повторување на тврдиот и усогласен став на Грција од сите релевантни политички чинители дека прагот што треба да се прескокне и да се означи вистинско „де факто” и „де јуре” интегрирање на Република МАкедонија во евроатлантските структури се условите што ги поставува Хеленската Република. Сепак, посетата има симболички големо значење како израз на помрднување од „статус кво” позицијата на двете страни. Некои работи беа спомнати за прв пат од настанување на проблемот, како зборовите „компромис” и „идентитет”, а во изјавите за медиуми, македонскиот МНР говореше на „македонски јазик”. Најважна од сѐ е најавата дека Македонија е повторно на патеката на маратонот што води кон НАТО и ЕУ и е решена да ја истрча без разлика колку пати ќе се случи „падни-стани” за неговото времетраење“, вели за Portalb.mk дипломатот Ѓорѓи Филипов.
„Македонија повеќе не може да биде „нем“ набљудувач на блокираните евроатлански интеграции. Добро е што земјата ја менува стратегијата“, вели професорот Мерсел Билали.
„Мислам дека новиот надворешнополитички и меѓусоседски политички пристап дијаметрално се разликува од досегашната деструктивна политика која имаше за цел да создаде нови проблеми со соседите, наместо да ги реши постојните. Мнозинството држави на светот имаат некави проблеми со соседитите или регионот, но улогата на политиката и дипломатијата е конструктивно да се однесува кон нив и етапно да ги реши или во најмала рака истите да не бидат пречка за соработка и зближување. Нпр. Кина има круцијални проблеми со Тајван, многу посложен од нашиот со Грција, но тоа не е пречка меѓусебно да соработуваат во сите полиња на стотина милјарди долари годишно и проблемот влегува во сенка. Јапонија и Русија имаат долгогодини спорови околу некои острови, но блиските врски го амортизират тоа“, вели професорот Билали.
Освен со Грција и Бугарија, Македонија мора да пронајде поголем економски интерес и во соработката со другите соседи, меѓу нив и Алабанија и Косово.
„Приоритет е секогаш, прво, воспоставување на задоволителни, ако не може, добри или одлични политички односи, а потоа инфраструктурно поврзување. Инфраструктурното поврзување само по себе претставува база за надградба. Физичката поврзаност може секогаш да придонесе во зголемување на довербата и развојот на добрососедските политички, економски и меѓучовечки односи. Треба да се инсистира на сите можни варијанти на поврзување: патишта, пруги, авио-линии, телекомуникациски, водни траси, електрични далноводи, гасоводи и нафтоводи. Понатаму доаѓаат размените на образовно и научно поле, како и на културно и на спортско поле и соработка на медиумите. Зголемувањето на размената во овие насоки ќе придонесат кон разбивање на одредени предрасуди и негување на патернализам на некои политчки структури, кои сакаат да се стават духовно и умствено над албанскиот народ кој живее во Македонија и да го третираат како недораснат сам да ги решава прашањата што ги раѓа политичкото секојдневие во Република Македонија“ – смета Филипов.
За Македонија, иако Косово е значен пазар за пласман на стоки и услуги, но инфрастуктурно поврзување е занемарено, смета професорот Билали.
„Кон Косово итно треба да се почне со изградбата на автопатот, оти полека го губиме косовскиот пазар . Истиот го добиваат србите, кои наспорти големите проблеми сепак градат заеднички ваќни проекти. груевски од евтини маркетиншки причини го игнорираше тој автопат, со цена на загуба на стотина милиона евра трговија. наводно бараше концесионер за автопат од 10 км што е рамно на дебилски ум. А со Албанија трена помодерно да се врземе за да можеме нашите производи полесно да ги пласираме на тој пазар кои брзо развива морски туризам“ – вели за Portalb.mk професорот Билали.
Во јавноста, голема рефлексија имаше средбата на премиерско ниво во Софија, меѓу Заев и Борисов. Најавен беше Договор за добрососедски односи кој од страна на опозициската Вмро Дпмне беше оценет како можен ризик по националниот идентитет. Дел од аналитичарите сметаат дека потребни се внимателни потези во надворешната политика.
„Политиката е прагма, игра на возможното. Понекогаш потребно е да се движите внимателно милиметар по милиметар, но важно да се движите напред. Мислам дека Бугарија е важен сосед, членка на НАТО и ЕУ и може многу да помогне ако градиме доверба и пријателство. Сите работи ќе „легнат“ по некое е време а со логиката на Груевски само се компликуваат“ – вели Билали.
Анализа на Портабл