И земјоделството и рударството се гранки од стратегиска важност за Македонија и нема реална причина да не ко-егзистираат ако базираат на наука и на принципи на модерна пракса, покажува анализата направена врз основа на податците од Заводот за статистика, Централниот регистар, Светска банка, ММФ и сервисната мрежа PricewaterhouseCoopers.
Копанијата за корпоративни финансии и инвестиции „Фаланкс капитал“ која стои зад анализата, наведува дека единствениот пат напред е одговорно и разумно развивање на двете гранки согласно европските стандарди, но со акцент на повисоко вредносните гранки за да се изгради одржлива и диверзифицирана економија на одговорен начин.
– Со само 0,2 отсто реален раст на БДП во Македонија во 2017, овие две гранки на економијата се значајни и ниту една не смее да биде неодговорно третирана или работена бидејќи, таква неодговорност може да предизвика рецесија. Предизвикот за владината политика е да се оттргне од минатото и да се придвижи кон идинината. Од гранки со ниска додадена вредност како егзистенцијално земјоделство кон гранки со повисока додадена вредност, на одговорен начин. Ако само 10.000 луѓе би ја имале шансата да се префрлат од земјоделство во гранка со повисока додадена вредност и слични параметри на економски импакт како рударството, тогаш би се создало подобрување на животниот стандард на тие 10.000 луѓе едноставно од 68 отсто зголемување на нивните месечни примања, би се подобрил животот на тие кои придобиваат од индиректниот импакт, би се зголемил БДП за 166 милиони евра или 1,7 проценти врз основа на екстраполација на статистичките просеци и би имало индиректна економска додадена вредност од дополнителни 663 милиони евра или вкупен директен и индиректен импакт од 829 милиони евра, кое е 8,3 отсто од БДП, стои во анализата.
Според статистиката, земјоделството ангажира околу 120,000 луѓе (вклучувајќи нередовно, за просечна нето месечна заработка од 290 евра) директно составува скоро осум проценти (или 791 милиони евра) во БДП, нето извезува од 112 милиони евра и плаќа 36 милиони евра во нето придонеси кон буџетот.
– Но, оваа гранка одзема 92 милиона евра годишно во субвенции од даноците кои сите ги плаќаме. Рударството вработува околу 6,500 луѓе (со просечна нето месечна плата од 486 евра или 68% повеќе од земјоделството), директно составува 1,5% (или 152 милиони евра) во БДП, нето извезува 135 милиони евра метали и плаќа 44 милиони евра во нето придонеси кон буџетот. Оваа гранка функционира без субвенции, се наведува во текстот.
За директниот ефект по вработен во БДП земјоделството придонесува околу 6.600 евра годишно по земјоделец, а рударството е три-и-пол-кратно попродуктивно, односно околу 23.100 евра по човек. Во однос, пак, на индиректните економски ефекти, номиналните вредности се многу блиски. Земјоделството создава 633 милиони евра дополнително, а рударството 609 милиони. Како коефициент рударството има далеку повисок импакт врз економијата бидејќи секое едно евро активност генерира вкупно пет, а земјоделството 1,8.
Како што посочува „Фаланкс капитал“, анализата за земјоделството и рударството е направена по дебатите во јавноста кои ги отворија прашањата дали овие две гранки може да коегзистираат.
– Се развија две спротивставени страни и излегоа ставови дека нашата земја мора да направи остар избор помеѓу двете, и тоа по секоја цена. Но, дали Македонија треба и мора да плата таква цена, одговорот го побаравме со следнава анализа, велат од „Фаланкс капитал“.