[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Месечните трошоци за живот во Дубаи изнесуваат околу 3.260 евра, а во Скопје изнесуваат 1.500 евра, што е речиси 50 проценти помалку, пишува веб страната Numbeo, портал кој редовно прави анализи за споредба на трошоците за живот во различни градови. Месечниот износ вклучува и цени за кирии кои се плаќаат во овие два града.
Анализата понатаму покажува дека просечната цена на појадокот во Дубаи е околу 7 евра, а во Скопје околу 200 денари, млекото во Дубаи е околу 60 денари, а цената за еден пар фармерки е приближно 70 евра. Изнајмувањето на стан во центарот на Скопје изнесува околу 220 евра месечно, додека во Дубаи чини околу 1.200 евра месечно.
Споредувајќи ги цените на месечните трошоци за струја, анализата покажува дека скопјаните плаќаат поскапа струја од жителите на Дубаи. Покрај тоа, бензинот и цигарите се поскапи во Скопје, како и најк патики, флаширана вода, оризот, цената на такси превозот и цената на новите автомобили.
Анализата е направена овој месец, а истата се базира на просечните цени на производите и услугите во изминатите 18 месеци.