Само за пет ипол години, или од почетокот на 2009 та до август годинава Јавниот долг се зголемил за скоро 2,5 милијарди евра. Порталб анализира, Според податоците од Министерството за финансии сумирани според новата дефиниција за Јавен долг, вкупната задолженост достигна 3,9 милијарди евра, или 46,8% од БДП, што е историски највисоко ниво досега.
Се уриваат рекорди – државата должи скоро 4 милијарди евра – како ќе се враќаат?
Паѓаат ли во вода прогнозите и проекциите на Владата напишани во „Фискланата стратегија до 2016“ со која се предвидува дека државните долгови ќе се сведат на 37,6% од БДП? Трендот на раст на задолжувањата и кон домашните кредитори и по основ на странски задолжувања незапирливо расте. Откако експресно ги усвои измените на Законот за јавен долг, со кои се воспостави нова дефиниција за државните долгови, Владата ги објави новите податоци – Јавниот долг на се што значи „држава“ достигна историски рекордно највисоко ниво од скоро 4 милијарди евра или 46,8% од Бруто Домашниот Производ.
Во оваа нова структура на долгот Владата ги исклучи задолжувањата на Народната Банка, кредитите на државните фими и претпријатија за кои не издала државна гаранција, иако се под нејзина контрола. Новите податоци сепак ги обелоденија должничките позиции на јавните пертпријатија и на општините.
Еве кој колку должи:
Јавен долг 3,9 милијарди евра
-Централна Влада 3,3 милијарди евра
-Општини 17,2 милиони евра
-Јавни претпријатија 617,6 милиони евра
Според еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер Петар Гошев, овие податоци се потврда на предупредувањата на дел од економистите дека досегашните бројки не ја даваа реалната слика.
„Со овие податоци Владата го признава она што досега го кажував, дека долговите на државата се скоро 50% од БДП. Дури сметам дека и овие податоци не се целосни, бидејќи од нив е исклучена Македонската Банка за подршка на равојот, преку која се делат странски кредити на македонските фирми. Во исто време сметам дека долговите на Јавните претпријатија се повисоки, со оглед на тоа што не се вклучени задолжувањата за кои нема државна гаранција“ – оценува за Порталб, Гошев.
Анализата на бројките покажува дека трендот на раст на Јавниот долг почнува уште во 2009 та година, кога тој од 1,5 милијарди евра во 2008 ма година се зголемува на 1,7 милијарди евра во 2009 та година. Од тогаш, долговите на Централната Влада и на Јавните претпријатија се во постојан пораст. Еве како се движеше темпото на задолжувањето според новата дефиниција, без вклучени долгови на НБРМ, дел од кредитите на МБПР и некои од кредитите на Јавните претпријатија за кои нема државна гаранција:
2008 1,5 милијарди евра
2009 1,7 милијарди евра
2010 1,9 милијарди евра
2011 2,4 милиајрди евра
2012 2,9 милијарди евра
2013 3,2 милијарди евра
2014 (август) 3,9 милијарди евра
Во неодмана објавената „Фискална стратегија“, Владата посочува дека нивото на државниот долг до 2016 та година нема да надмине 37,6% а веќе во август годинава само по основ на државен долг е достигнато ниво од 39,6%.
„Врз основа на определбите за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок на среден и долг рок, одржливо ниво на ризики ниско ниво на државен долг, како и реализацијата на планираните инфраструктурни инвестиции, движењето на државниот долг е планирано да се задржи во проектираните рамки, односно да има умерен раст кој нема да ја загрози оддржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува државниот долг да не надмине ниво од 37,6% од БДП на крајот од 2016 година.“ – пишува во Фискалната стратегија.
Според поранешниот гувернер Гошев, со сегшаното темпо на задолжување, Македонија се движи кон онаа граница од 60% од БДП, што упатува на тоа дека тешко ќе се остварат владините прокеции од Фискланата Стратегија.
„Ако ја следиме динамиката на буџетскиот дефицит, Владата за годинва прокетираше дупка од 3,5% од БДП, но дали ќе се одржи ова ниво, ќе видиме на крајот од годинава. И за догодина е прокетиран дефицит од 3,5%, а тој пак ќе мора да се финанасира со нови задолжувања. Па оттука сметам дека не само што нема да се намалува, туку државниот долг и натаму ќе расте. Оваа власт повеќе не може да преживее без кредити и задолжувања“ – вели за Порталб, Гошев.
Во исто време и Бруто надворешниот долг достигна рекордно највисоко ниво од 5,7 милијарди евра или 71,66%. Според оценката на гувернерот Димитар Богов, причина за загриженост нема.
„Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки, бидејќи две големи компоненти отпаѓаат на трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти кои се многу позитивни за нашата економија и всушност се странски директни инвестици. Во нашата анализа од седум индикатори кај пет Македонија е умерено задолжена земја, кај еден е ниско, а кај еден високо задолжена земја. Единствено по учеството на долгот во БДП Македонија во континуитет се вбројува во делот на високо задолжени земји уште од 2005 година“, изјави неодамна гувренерот Богов.
Преку Уставни измени, Владата предложи ограничување на Јавниот долг до максимални 60% од БДП. Во овој потег, дел од економистите препознаа обид Владата да направи терен за натамошни задолжувања, под закрила дека работи според Уставот.
„За две-три години планираат да направат уште трошоци, да го достигнат тој лимит од 60%, и тоа според новата методологија, па кога ќе го достигнеме тој лимит, друг нека му ја мисли. Според новата методологија на пресметка на јавниот долг, се планира дека до тој период 2017 – та година, ние ќе го достигнеме плафонот. Какви ќе бидат економските циклуси следната година во ваков надворешен неизвесен макроекономски амбиент“, изјави неодамна академик Абдулменаф Беџети на дебатата со наслов „Наметнат Устав“.
Според податоците од Министерството за финансии, 2,1 милијарда евра се долгови кон странство а 1,2 милијарди евра се долгови на Централната Влада кон домашните кредитори.
Анализа на Порталб