Аналитичарите издвојуваат пет работи најдобри за инвестирање

Од:

Аналитичарите ги издвојуваат следните неколку индустрии кои моментно се најинтересни за луѓето што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Виртуелна реалност

Во 2017 година уредите за виртуелна реалност беа најпродавани нови гаџети на светско ниво. Оваа индустрија се проценува дека вреди околу седум милијарди американски долари. Аналитичарите предвидуваат дека до крајот на 2021 година приходите на компаниите од виртуелна реалност ќе надминат 75 милијарди долари.

Канабис за медицинска употреба

Изминатите години се повеќе се зборува за легализирање на марихуаната за рекреативни уживатели, но и за медицински цели. Употребата на марихуана за медицински цели е дозволена во 29 сојузни држави во САД, од кои девет целосно ја имаат легализирано. Приходите од легална продажба на марихуана во 2016 година изнесуваат околу седум милијарди долари, а се предвидува до 2020 година оваа индустрија да вреди 24 милијарди долари.

Дронови

Првична цел на дроновите е за воени цели, а сега тие имаат многу поширока примена. Природни убавини, венчавки, спортски настани и многу други настани користат дрон техника за снимање. Компанијата „Амазон“ веќе работи на тестирање на достава на производи со помош на дронови, со што класичната испорака од пет до седум денови се скратува на неколку часа или денови. Без разлика дали станува збор за производство, достава или снимање, оваа индустрија има голем потенцијал во иднина.

Агенции на инфлуенсери (влијателни лица)

Се зголемува бројот на дигитални агенции за инфлуенсери, односно луѓе кои се влијателни на социјалните мрежи, но и се повеќе постоечки агенции ги вклучуваат овие услуги во своето портфолио. Овие дигитални агенции се грижат корисниците на социјалните мрежи да ги наплатат големиот број на следбеници и пријатели. Оваа индустрија бележи раст и во 2017 година се проценува на над 10 милијарди долари, додека се очекува во 2018 година да оствари раст од 20 процени.

Крипто-валути

Пазарот на крипто валути доживеа голем раст во 2017 година, а една од најпознатите валути на пазарот – „биткоин“ достигна пазарна вредност од 20.000 долари, од 786 долари на почетокот на годината. Луѓето кои пред почетокот на годината инвестираа во „биткоин“, остварија поврат на своите инвестиции од дури 2.600 проценти. Сепак, пазарот на крипто валути останува многу турбулентен и ризичен.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски