Американскиот долар поевтини во однос на еврото

Од:

Доларот ја намали својата вредност во однос на еврото околу пладне по локално време во Токио откако стана извесно дека Барак Обама победи на претседателските избори во САД, пренесоа француските медиуми.

Околу 14 часот по локално време курсот евро/долар достигна 1,2863 долара за едно евро, во споредба со 1,2815 долара за едно евро на почетокот на денот.

Доларот малку поскапе во однос на јапонскиот јен, бидејќи околу 14 часот по локално време во Токио тој се менуваше за 80,08 јени, во споредба со 80,33 јени на почетокот на тргувањето.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана