Американскиот долар на историски максимум во однос на турската лира

Од:

Зголемените тензии во врска со можната воена интервенција во Сирија се одрази врз берзите во Турција, па така курсот на американскиот долар достигна досега највисоко ниво во однос на турската лира.

На берзите во Турција еден американски долар денеска се менува за 2,0844 турски лири.

Вакво драстично зголемување на вредноста на доларот како ова во последното деноноќие, досега никогаш не се случило во историјата на Турција, потенцираат експертите. Дури и за време на нападите против поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин американскиот долар не се зголеми до ова ниво.

Според аналитичарите, постои опасност Централната банка на Турција да остане безпомошна при уште поголемо зголемување на курсот на доларот, кое најверојатно може да се случи пред 9 септември, за кога е закажана седницата на Конгерсот на САД за Сирија.

Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан ги предупреди граѓаните „да не паничат и да не се коцкаат со курсевите на доларот и турската лира“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел