Американски суд го одобри спојувањето на „Американ ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“

Од:

Судот во Њујорк го одобри спојувањето на американските авиокомпании „Американ ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“, што ќе доведе до создавање на најголемата авиокомпанија во светот.

Одобрението на судот беше неопходно, бидејќи од ноември 2011 година „Американ ерлајнс“ е во состојба на банкрот.

За зделката меѓу двете авиокомпании беше соопштено на 14 февруари оваа година, кога управните одбори на двете компании дадоа согласност за потпишување на спогодбата. Последниот чекор во овој процес останува на федералните регулаторни органи, кои треба да одлучат дали зделката ги нарушува антимонополските закони на САД.

Доколку спојувањето биде одобрено ќе биде создадена најголемата авикомпанија во светот со пазарна капитализација од 11 милијарди долари. Се претпоставува дека на кредиторите на „Американ ерлајнс“ ќе им припаднат 72 отсто од обединетитата компанија, а на акционерите од „Ју-Ес Ервејс“ 28 отсто. Се очекува зделката да биде завршена оваа есен.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран