Американски хеџ фондови масовно инвестираат во грчките банки

Од:

Инвестицискиот фонд на милијардерот Џон Полсон и други американски хеџ фондови купуваат значајни пакети акции од грчките банки, бидејќи се убедени дека Грција е во процес на излез од кризата, пишува британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Интересот на овие фондови е толку голем што големите грчки банки од Владата во Атина бараат да ја разгледа можноста за забрзување на повторната приватизација на грчкиот банкарски секторот, забележува весникот.

Освен Џон Полсон, во грчките банки инвестираат и други хеџ фондови, а меѓу нив и „Баупост“, „Иглвејл“, „Дромеус Капитал“, „Фалкон“ „Еџ“, „Јорк Кепитал“ и „Оч-Зиф“. Инвестиции во грчките банки имаат и фондовите „Велингтон Кепитал“ и „Фиделити“.

Весникот посочува и дека акциите на „Алфа банк“ и банката „Пиреус“ забележаа раст по нивната докапитализација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит