АмЧам поттикнува поголема соработка меѓу бизнис секторот и академската заедница

Од:

Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам Македонија) денеска организираше настан во духот на унапредување на соработката меѓу компаниите кои се сериозни во врска со инвестирањето во човечки ресурси и четири скопски факултети, дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Присуствуваа околу 100 гости од бизнис заедницата, претставници од универзитетите, дипломатскиот кор, меѓународни организации и државни институции.

Претставници на повеќе од 30 компании, имаа шанса да слушнат презентации од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, како и деканите на Машинскиот факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ), Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), како и на Економскиот факултет. Нивните презентации ги сумираа нивните напори за тесна соработка со бизнис секторот, како и потребата да се подобри квалитетот на програмите за практиканти. Во вториот дел од настанот, учесниците имаа можност директно да разговараат со деканите и нивните колеги, со цел иницирање на нова соработка или продлабочување на постоечките односи.

Мишел Османли, Извршен Директор на Американската Стопанска Комора во Македонија, истакна дека водечки принцип треба да биде квалитетот над квантитетот. – Наша заедничка цел, рече, не треба да биде зголемувањето на бројот на потпишани меморандуми за соработка од страна на факултетите и компаниите, туку да се зголеми позитивното влијание на нашите активности, врз студентите, искреноста и проактивноста од двете страни се од клучно значење.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски