Околу 9.000 луѓе досега се потпишале на иницијативата на АМАН за промена на законот за енергетика.
„Рокот за потребните 10.000 потписи истекува на 30. јануари, но ние се надеваме дека уште до Нова Година ќе ги собереме потребните 10.000 потписи и пред време ќе ги поднесеме до Собранието на Република Македонија. Потоа ќе ги прозиваме поединечно сите пратеници да се произнесат за предлог законот, а нивната одлука ќе биде показател дали ги штитат правата на граѓаните или штитат нечии други интереси“, изјавија од АМАН за А1.
Од Иницијативата апелираат до граѓаните што побргу да се соберат овие 1.000 потписи за евтина дневна тарифа на струјата и за луѓето кои не користат парно греење да не плаќаат повеќе.