Движењето „Аман“ најавува голем протест, кој ќе се одржи следниот викенд на 13-ти октомври, во сабота напладне меѓу зградите на ЕВН и Регулаторната комисија.
„Ќе протестираме секоја сабота напладне за да можат што повеќе граѓани кои се незадоволни од сегашната политика на цените на струјата и парното да ни се придружат, оти тогаш не се на работните места.
– Втора причина за промена на времето од 18 часот на 12 часот се температурните разлики кои се случуваат во овој период од годината“, изјави Џенан Хоџиќ од „Аман“.