Алшар доби домашен концесионер

Од:

Домашна компанија ќе врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во локалитетот „Алшар“ кај Кавадарци.

Компанијата ќе плати концесиски надомест за таа намена во износ од 1.500.000 денари. Понудата на домашната компанија била највисока од вкупно доставените три на јавниот повик распишан во средината на ноември минатата година преку кој Владата бараше концесионери за истражување на минерални суровини.

Од трите доставени понуди за „Алшар“, покрај македонската, една е од мешовита компанија со домашен и странски капитал, а една со странски капитал.

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на прес-конференција информира дека на повикот преку кој за истражување беа понудени 61 локалитет, се доставени понуди за вкупно 49 локалитети. За локалитетите за истражување на неметални минерални суровини се доставени понуди за 17, а за метални минерални суровни за 28 локалитети.

Понуди се доставени за сите четири локалитети што беа понудени на повикот за украсен камен, а нема ниту една понуда за концесијата што се нудеше за истражување геотермална вода

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана