„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Од:

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот.

Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел.

Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт.

Засега нема детали зошто е избран токму Лиеж, но се шпекулира дека основачот на „Алибаба“, Џек Ма и белгискиот крал воспоставиле одлична соработка по форумот во Давос. Се претпоставува и дека ќе има уште слични инвестиции во Европа, а лобирањето на државите за овој бизнис било толку многу силно, што Холандија, на пример, соопшти дека ја пропуштила шансата поради доцната дипломатска акција.

Повеќе месеци се шпекулираше каде „Алибаба“ ќе отвори центар. Претставници на компанијата беа во интензивен поход низ земјите од регионот – од Хрватска, преку Унгарија, Романија до Бугарија, барајќи стратешки партнер за изградба на голем дистрибутивен центар во овој дел од Европа.

Би можело да ве интересира

Белгиски новинар живее и со сопругата и со љубовницата

А1он

Општ штрајк во Белгија, бунт против реформите на новиот премиер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Двајца Македонци осомничени за брутално убиство во Белгија

Катерина Ѓуровски

Белгија очекува нова рекордна стапка на инфлација овој месец