„Алфа Ромео“ се враќа на пазарот со својата позната спектакуларност и перформанси

Од:

„Алфа Ромео“ во моментов произведува само два мали, економични компакти, што со својот модерен изглед ги привлекува главно купувачите од понежниот пол.

Некогаш мажевната италијанска компанија има намера да ја поврати својата стара слава со лансирање на 4Ц спортскиот автомобил,чија премиера се очекува годинава, а потоа ќе следи новиот Спајдер модел, развиван паралелно со новата Мазда МХ-5.

Затоа не треба да зачудува нестрпливоста на бројните фанови, кои од својот омилен бренд очекуваат модели со спектакуларен изглед и врвни перформанси. Доколку во тоа успее, Алфа Ромео повторно може да ги изработува тестостеронските ѕверки, кои влеваа стравопочит на патиштата.

Неодамна на Интернет се објавени компјутерските стимулации за ГТ моделот со две врати наречен 6Ц. За неговиот дизајн заслужни се Џорџ М. и Флориан Ј., а е инспириран од моделите од минатото на компанијата, но и линиите од новиот 4Ц. Не треба ниту да се споменува дека ваквиот автомобил би бил идеален додадок за поставата на италијанскиот производител, особено кога би бил опремен со 3.0-литарски V6 мотор.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска