Алексиев: Бугарија не земала гас од руската компанија „Газпром”

Од:

Бугарскиот технички вицепремиер и министер за транспорт Христо Алексиев за бТВ коментираше дека неговата земја не добила ништо од количества гас од „Газпром“, што ѝ следувале согласно договорот меѓу нив.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Алексиев појаснил дека Бугарија нема потреба од овие количества гас од Русија.

-Бугарската преодна влада за два месеци постигна целосна диверзификација, и тоа по многу добра цена, што можеше да се види по цените за ноември, што ќе бидат под 200 лева (100 евра) за мегават час, рече Алексиев.

Тој изјави дека на тендерите за природен гас за Бугарија учествувале 15 компании од Европа, САД и од Арапскиот Полуостров, а следната недела ќе се склучат два договори за течен гас за ноември по многу добри цени. Следната аукција треба да се отвори во декември.

-Овој месец ќе ги отвориме и понудите за среднорочниот тендер што ќе ја покрие не само грејната сезона, туку ќе стигне и до крајот на следната година, рече Алексиев.

Од почетокот на август, кога почна со работа техничката влада на Бугарија, цената на бензините е намалена за 40 центи (20 евроценти).

Алексиев истакна дека просечната потрошувачка на струја од едно семејство во Бугарија е околу 200 киловат часови. Неговата земја ќе постави граница од 250-300 киловат часови, за да можат нормалните семејства да имаат корист од тоа.

-А кој сака и користи повеќе ќе плати повеќе, изјави бугарскиот вицепремиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година