Александар Зарков – предлог на ССК за вицепремиер за економски прашања

Од:

Александар Зарков е предлогот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за вицепремиер за економски прашања во новата влада.

Како што соопшти ССК по седницата на Советот на секторските претседатели, Зарков, кој моментно е извршен директор на Сојузот, ги исполнува сите критериуми за застапување на приватниот сектор во владата.

– Вицепремиерот за економски прашања во новата влада треба да делува во насока на креирање стратегија за развој на приватниот сектор, на поголема продуктивност и број на вработувања, како и на подобрување на деловното опкружување и овозможување негов раст и развој. Во исто време треба да е лице кое немало политички ангажмани и не е член во ниту една политичка партија, смета ССК.

Според ССК, лицето кое ќе го застапува приватниот сектор во владата треба да е професионалец со повеќегодишно искуство и активно учество во застапување и промовирање на интересите на деловната заедница без посебен акцент на одреден сектор од стопанството, како би ги застапувал подеднакво сите сектори.

– Консензус околу ова прашање е од особено значење имајќи предвид дека Стопанската комора на северозападна Македонија на минатонеделната прес- конференција со одлука промовираше силен кандидат кој подеднакво во изминатите две години доставуваше предлог мерки за подобрување на состојбите во стопанството, а се очекува со свој кандидат да се огласи и Стопанската комора по што трите комори ќе дискутираат за најдоброто решение, наведува ССК.

Преку вклучувањето претставник од коморите во владата, додава Сојузот, ќе се потенцира важноста на јавно-приватниот дијалог преку усогласување на политичките одлуки поврзани со деловното работење, ќе се овозможи целосна вклученост во подготовката и креирањето на законската регулатива и економските политики.

– Вицепремиерот предложен од бизнис заедницата ќе претставува клучна алка меѓу приватниот сектор и институциите, ќе обезбедува дополнителна стабилност и ќе спроведува мерки за подобрување на условите за раст и развој на приватниот сектор, потенцира ССК.

Сојузот на стопански комори во соопштението ги демантира информациите лиферувани во јавноста без, како што наведува, истакнат извор дека ССК одбил средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во предизборниот период. – Ваквите информации се неосновани и погрешни. Комуникацијата за предлози за подобрување и за креирање нови економски политики од програмата на СДСМ пред Сојузот беа презентирани од Кире Наумов, подвлекува ССК.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска