„Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа во 2012 по квалитет на услуги

Од:

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.

Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.

Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник.

МИА

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо