Албанија забранува увоз на возила постари од десет години

Од:

Од први јануари наредната година Албанија ќе забрани увоз на возила, постари од десет години.

Одлуката веќе е потпишана од министерот за инфраструктура и енергетика Дамиан Ѓикнури и туризам и заштита на животната средина, Бленди Кљоси, а деновиве треба да помине на Влада.

Како што изјави министерот Кљоси, увозот на возила постари од десет години ќе биде категорично забранет а стандардот на моторот треба да биде ЕВРО 5.

За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години.

Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои ќе биде дозволен увоз доколку се произведени пред 1970 година.

– Веќе регистрираните возила и понатаму ќе сообрајќаат по патиштата низ Албанија а ќе може и да се продаваат. Оние кои пак се увезени а за нив сопствениците немаат платено царина, нив треба да ги регистрираат заклучно со 31 декември годинава. Просечната старост на возилата во земјава е 20 години и Владата преку оваа одлука сака да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, изјави Кљоси.

Според албанските медиуми во Албанија, има над 600 илјади возила при што 80 отсто од нив произведени се пред 2007 година. Во просек годишно се увезуваат од 30 до 40 илјади возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска