Акционерски друштва злоупотребувале средства на ФПИОМ

Од:

Акционерски друштва и друштвата со ограничена одговорност во кои Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има акции ги злоупотребувале средствата на Фондот. До ваков заклучок дошол Фондот за пензиско и инвалидско осигурување по направената ревизија.

Директорот на ФПИОМ Беким Незири денеска информира дека неправилности се утврдени во 27 друштва од вкупно 285, а точната висина на штетата допрва ќе се утврдува. Како најголеми неправилности се посочуваат намалувањето на основачкиот капитал без давање на согласност од ФПИОМ, ставањето под хипотека на имотот на Фондот без негова согласност, ненаменското трошење на парите од Фондот и недавањето финансиски извештај согласно законските прописи.

Со цел да се решат овие проблеми денеска Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпиша меморандум за соработка со Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.

– Ниту е наша ингеренција, ниту е наша надлежност да се бориме против оваа појава и затоа се обративме до Управата за јавни приходи и до Финансиската полиција. Затоа денеска го потпишуваме меморандумот за соработка кој треба да ги реши овие проблеми со што индиректно ќе се зачува имотот на државата, имотот на 285.411 пензионери и на имотот на 508.883 осигуреници, рече Незири.

Од финансиската полиција и Управата за јавни приходи најавија дека во најкраток можен рок ќе направат финансиски контроли во работењето на овие друштва и доколку се утврдат сомневањата ќе се документираат случаите и ќе се поднесат соодветни пријави.

– Предмет на контрола ќе бидат пред се оние правни лица за кои ФПИОМ има сомневање за сторени злоупотреби во работењето кои се на штета на Фондот, а со индиректно и на сите сегашни и идни пензионери, рече Александар Тргачевски.

Првите резултати се очекуваат кон крајот на јуни.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ