AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Од:

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порaди невршење лабораториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на не декларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок.

-Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарница во Скопје поради пласирање на пазарот небезбедна храна, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања, информираат денеска од АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

-Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1.000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението.

Во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на не декларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е уништена.

Би можело да ве интересира

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он

АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Горан Наумовски