Агрометеоролошките станици во Преспа го намалија прскањето на јаболката до 30%

Од:

Седум агрометеоролошки станици на различни локации во Преспа покажуваат дали и кога има потреба од прскање пестициди кај овошките, со цел намалување на прекумерната употреба од хемиски препарати.

Земјоделците, како што информира претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски, преку смс порака или на страницата на Здружението на социјалната мрежа фејсбук добиваат известување кога и со какви препарати треба да ги прскаат насадите и да се запази концентрацијата при третирњето за да спречат болести или штетници. Тоа, според него, придонесува за намалување на трошоците и максимална заштита на животнта средина и подземните води на Преспанското Езеро.

– Со функционирањето на овие станици третирањето се намалува за една третина или 25 до 30 отсто. Со тоа имаме заштеда во пари, време, работа и гориво, како и заштита на животната средина. Но, клучното нешто е овоштарите да ги упатиме кога и со што треба да ги третираат овошните насади. Доколку препаратот што се нанесува не е во соодветно време нема ефект, појасни Пампулевски.

Овие мерки, заклучи дека најмногу ги применуваат помладите и посериозните земјоделци, кои професионално се занимаваат со овоштарство.

– Не можеме да влијаеме 100-процентно кај земјоделците, но оние што ги применуваат мерките го чувствуваат бенефитот во квалитетот на родот и финансиските заштеди. Од година во година советите се поприфатени, рече Пампулевски.

Агрометеоролошките станици мерат околу 40 параметри меѓу кои температурата и влажноста на воздухот, брзината на ветерот, сончевата радијација… и врз оснива на тоа во агрохемиска лабараторија се утврдува каков е ризикот од појава на болести или штетници. Опфаќаат околу 90 проценти од обработливото земјиште во Преспа.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски