Агенцијата „Марили“ ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери

Од:

Агенцијата „Марили“ во среда ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери чија цел е да ги поврзе жените менаџери и да ја подобри нивната комуникација.

Клубот ќе биде и место каде што жените менаџери ќе може да ги промовираат своите идеи и иновации, да добијат поддршка, маркетинг и промоција, за што е поставена и посебна страница означена како „Бизнис клуб“ на порталот на агенција „Марили“: www.marili.com.mk. Исто така тие ќе се информираат како новините во својот бизнис полесно да ги претворат во практични искуства со помош на пристапните ИПА фондови и европските кредитни линии.

Во рамки на клубот ќе се прават и тематски работилници, за одредени проекти, а посебно место ќе заземаат хуманитарните проекти посветени на здравјето на жените и за социјално ранливите категории на жени, како и за болните деца и децата без родителска грижа. Една од активностите на клубот ќе биде и вмрежување со останатите здруженија, организации и асоцијации на жени во бизнис сферата.

На промоцијата на Марили бизнис клубот ќе се обрати генералниот менаџер на агенцијата „Марили“, Лидија Трипуноска, која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот.

Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија – Скопје.

На настанот се очекува да присуствуваат околу 50 жени менаџери кои што учествуваа и на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Р. Македонија и од дијаспората“, а најавено е присуство и на други жени менаџери кои биле дел од изборите во изминатиот период, но и дел од други проекти на агенцијата „Марили“.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски