Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за два степена (од ВВ+ на ВВ-), зачувувајќи ја негативната перспектива за долгот на земјата, соопштуваат кипарските грчки медиуми.
Намалувањето на рејтингот на Кипар се случува во момент кога оваа островска држава води тешки преговори со Тројката за доделување на заем.
Рејтингот на Кипар е намален заради влошување на макроекономските услови, застранувањето на земјата од буџетските цели и заради континуираната финансиска несигурност на островот.
Задоцнетите преговори на Кипар со Тројката кредитори за финансирањето на земјата придонеле за влошување на економските услови и создале несигурност за реформите на државниот сектор и за коригирање на макроекономскиот баланс.
Агенцијата „Фич“ уште смета дека е намалена способноста на кипарската влада да земе заем заради нејзината зависност од финансирањето на банките.