Аферата со дизел возилата во 2019. ќе го чини „Фолксваген“ две милијарди евра

Од:

Аферата со лажирањето на податоците за емисиите на штетни гасови од дизел возилата, во текот на 2019 година ќе го чини германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ уште дополнителни две милијарди евра, објави неделникот „Борзен цајтунг“.

Во изјава за германскиот весник, главниот финансиски директор на „Фолксваген“, Франк Витер вели дека тие две милијарди евра ќе се надоврзат на штеите од 5,5 милијарди евра што поради аферата компанијата ги претрпе во текот на 2018 година.

Од 2015 година, па досега, „Фолксваген“ поради аферата платил над 27 милијарди евра. Во оваа сума се вклучени вонсудски спогодби со инвеститори и потрошувачи поврзани со аферата, казните што и беа изречени на компанијата од страна на регулаторните органи поради лажирањето на податоците, како и трошоците за отстранување на проблемите кои продонесоа за високо ниво на емисии на штетни гасови од дизел возилата на германскиот автогигант.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска