Adidas ја намали продажбата на Reebok за една третина

Од:

Откако загубија договор во САД и измамата откриена во Индија престоеше пад на производството на спортските производи на Reebok, со што планираниот приход за 2015 година најмногу што може да достигне е околу 2 милијарди евра (£ 1,6), а не 3 милијарди евра како што се очекуваше.

Adidas, кој моментално се наоѓа на второто место зад Nike во жестока конкуренција на спортска опрема, ја купи Reebok во 2005 година за $ 3,8 милијарди (£ 2.3bn; 3 милијарди евра).

Сепак, Adidas, изјави дека групацијата ќе продолжи со зголемување на продажбата и се предвидува таа да достигне 17 милијарди евра до 2015 година.

Германската компанија изјави дека продажбата на Reebok падна за 26% во вториот квартал од годинава и годишниот приход се очекува да падне во споредба со 2011 година за 1.96 милијарди евра.

Спротивно на тоа, продажбата на групата Adidas се очекува да се зголеми за речиси 10% во 2012 година.

Главниот извршен дирекотор на Adidas, Херберт Хајнер изјави дека Reebok треба да излезе со нови линии на производи.

Во четвртокот, поранешниот генерален директор на Reebok Индија, Субиндер Синг Прем, и екс-главен оперативен офицер Вишну Багат, беа уапсени во врска со еден случај на измама.

Во април, Adidas соопшти дека открил “комерцијални нерегуларности” во подружницата во Индија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана