АД ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам

Од:

СДСМ лицемерно ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на Друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија, се наведува во денешното соопштение од АД ЕСМ.

Опозицијата треба да знае, се додава, дека компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Имено, согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија.

– СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува и се грижи за граѓаните, исто така треба да знае дека во тек на тековната грејна сезона зголемена е цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона, велат од АД ЕСМ.

Опозицијата кога веќе го спомнува АД ЕСМ и Друштвата за топлинска енергија, се посочува во соопштението, треба да се потсети дека токму СДСМ во соработка со нивните поранешни коалициони партнери, трите Друштва за производство, дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни основи.

– И на крај независно од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цената, опозицијата треба да знае дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење, стои во соопштението од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Горан Наумовски

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто