АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила

Од:

Премиерот Зоран Заев објави дека АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 27 милиони евра.

Тој најавува дека економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките.

„После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно греење, како најблиски населени места кои гравитираат околу комбинатот.

АД ЕСМ сега го направи проектот Топлификација економски исплатлив, што претходно истиот не беше. Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во РЕК Битола, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина, затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен“, напиша Заев на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти, разрешен е директорот на „Шутка“, на негово место е именуван Бобан Утковски

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Предложени замениците министри

Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски